Околу 50 лица-членови и симпатизери на социјалдемократскиот сојуз и опозициските партии промовирајќи агресивно и неодговорно однесување, попладнево неовластено влеглe во кругот на СВР Штип и насилно се обиделе да влезат во зградата на СВР Штип – тврди МВР.
-Полициските службеници од СВР Штип, согласно законските овластувања и прописи превзедоа мерки за попречување на истото и со потиснување лицата беа одстранети од влезот на зградата. СВР Штип ќе ги превземе сите со закон предвидени мерки и овластувања со цел одржување на ЈРМ и почитување на законските прописи.Обидот за насилен упад во зградата на СВР Штип следеше откако утринава членови и симпатизери на опозицијата во рамки на таканаречениот „отпор“ организираа јавен собир пред зградата на Фондот за здравствено и пензиско осигурување ПЕ Штип. Наместо да го почитуваат Законот за јавни собири, истите го блокирале влезот, врзувајќи ја вратата со ланец од надворешна страна. Со ваквото однесување не само што ја попречиле работата на државните органи туку, внатре ги држеле затворени и граѓаните кои имале обврски во институциите. Со тоа им оневозможиле да излезат и да ја напуштат зградата, одземајќи ја и ограничувајќи ја нивната слобода на движење.
Од тие причини беа повикани три лица во просториите на СВР Штип за расчистување и документирање на сите настани во текот на јавниот собир. Истите беа предупредени дека ќе следуваат соодветни санкции и им беше укажано дека при организирањето на јавните собири мора да се почитува законот. СВР Штип ги повикува сите граѓани кои имаат каква било штета која е предизвикана од недоличното и неодговорно однесување на учесниците на јавниот собир кои ги затворија во зградата, истите да ја пријават во полиција – велат од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?


