| четврток, 6 декември 2018 |

Американската амбасада со нова донација за МВР и за Царинската управа

amerikanska ambasada kale

Донација на опрема од американската амбасада во Македонија денеска ќе добие Пограничната полиција на Министерството за внатрешни работи и Царинската управа. Опремата, вредна 142 илјади долари, е обезбедена преку Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS).

Опремата содржи далекосежни двогледи, апарати за инспекција, пејџери за откривање радијација, компјутери и опрема за симултан превод.

На предавањето на донацијата ќе присуствуваат министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.

Оваа донација ќе помогне во зајакнувањето на способноста на македонската Гранична полиција и на Царинската управа за вршење професионална гранична контрола и за изведување активности на граничните премини. Донацијата ќе ја подобри способноста на двете гранични агенции да вршат надзор на границите, патроли и операции на пресретнување, како и да се борат со прекуграничен криминал и тероризам, да откриваат радијација, да идентификуваат оружје за масовно уништување и сличен материјал и да вршат примарни и секундарни инспекции на граничните премини.

На настанот ќе бидат изложени и некои примероци од донираната опрема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top