| четврток, 6 декември 2018 |

Прељубниците откриваат: како се изневерува без да ве откријат

Необично истражување откри некои интересни тајни на оние љубовници кои ги изневеруваат своите партнери…

Луѓето кои изневеруваат во врските или бракот, на интернет сервисот „ashleymadison.com“, открија како ги изневеруваат своите партнерки и партнери, на начин на кој нема да ги фатат.

nevjera

Во истражувањето учествувале 110 илјади испитаници, а добиени се прилично интересни резултати. Еве ги нивните совети:

1. Држете ја устата затворена! На љубовникот или љубовницата не им откривајте никакви детали за својот приватен живот. Никогаш не знаете што може да се случи, па чувајте ги работите само за себе.

2. Пазете на одалеченоста! Испитаниците сметаат дека е најдобро да имате афера со некој кој не живее близу до вашиот дом или работа. Помали се шансите да налетате на познати личности.

3. Скријте ги доказите! Внимавајте на карминот на кошулата, немојте да мирисате на туѓ парфем, а погледнете и дали има влакна на сакото или седиштето од автомобилот.

4. Внимателно со телефонот! Бришете ги предизвикувачките пораки или листата на повици или, уште подобро, како што советуваат испитаниците, набавете друг телефон за кој вашата партнерка или партнер нема да знае.

5. Одржувајте status quo! Немојте да правите никакви драматични промени во својот изглед или своето однесување.

Извор: Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top