
Француската Влада соопшти дека е подготвена да го олесни влезот во Франција за христијаните од Ирак, кои се жртви на насилството од џихадистите.
– Пружаме помош на луѓето кои бегаат од заканата на Исламска држава и побарале помош во Киргистан. Ние сме подготвени да им го олесниме влезот и добивањето азил, се наведува во заедничкото соопштение на министерот за надворешни и за внатрешни работи, Лоран Фабијус и Бернар Казнов.
Џихадистите од Исламска држава го зазедоа Мосул на 10 јули и поставија ултиматум, христијаните за неколку часа да го напуштат градот.
Во соопштението се наведува и дека „Франција ќе продолжи да ја мобилизира меѓународната заедница за да обезбеди заштита на малцинствата во Ирак“.
Пред првата војна во Заливот во Ирак имаше 1,5 милиони христијани, додека денес има само 400.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


