| четврток, 6 декември 2018 |

Абас ќе ја предводи преговарачката делегација

MIDEAST  PALESTINIANПалестинскиот претседател Махмуд Абас ќе го предводи преговарачкиот тимот во Каиро, каде треба да се договори прекин на огнот меѓу Хамас и Израел, изјави неименуван извор од Рамалах на Западниот Брег.

– Абас формира палестинска делегација, составена и од претставници на Хамас и на Исламски џихад, која ќе се сретне со египетските лидери и ќе дискутира за запирање на агресијата на Израел против Газа, посочи неименуваниот извор.

Тој истакна дека делегацијата заедно со египетските лидери ќе испита како да се исполнат палестинските барања, да заврши агресијата и да се заштитат Палестинците.

Се уште не е познато кога ќе почне мисијата.

Хамас, која го контролира Појасот Газа, досега прекинот на огнот го условуваше со укинување на блокадата на таа територија и отворање на граничните премини со Египет и со Израел, како и ослободување на поголемиот број палестински затвореници.

Фатах и Хамас на почетокот од јуни се договорија да формираат влада на национално единство откако во април потпишаа пакт за помирување по поделбата која траеше од средината на 2007 година, кога хамас на сила ја презеде власта во Појасот Газа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top