| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК го поддржа продолжувањето на рокот за кандидатури

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го усвои новиот роковник за локалните избори откако Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со којшто рокот за поднесување на кандидатурите се продолжува до 3 март.

Според претседателот на ДИК, Борис Кондарко, направен е упад во Изборниот законик.

– Среде изборен процес, донесени се измени кои не можат да се вклопат во веќе донесениот роковник на изборните дејствија – рече Кондарко. Дел од членовите на ДИК не се согласија и сметаат дека размислува политички.

Говорот на Кондарко, Анета Стефановска го оцени како политички.

– Законот е донесен по скратена постапка, во знак на добра волја, ова е подадена рака за опозицијата. Никој не може со сила некого да го влече да влезе во парламентот – рече Стефановска.

ДИК на денешната седница ги разгледуваше и барањата од ОБСЕ и ОДИХР за акредитација на набљудувачи за локалните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top