| четврток, 6 декември 2018 |

Зијадин Села прави нова албанска партија

Наскоро ќе се формира нова партија или движење на Албанците. Ваквата најава, која сѐ почесто се спомнува во политичките кулоари, ги разгоре шпекулациите за тоа кој ќе ја формира партијата и каква идеологија ќе има таа, пишува „Дојче веле“.

Како иницијативно јадро за формирање на партијата се спомнува градоначалникот на Струга, Зијадин Села, заедно со група интелектуалци и публицисти. Споменатите не сакаат во овој момент јавно да ја коментираат ваквата најава, но дел од нив признаваат дека „на терен постои силен притисок и разговори за формирање нов политички субјект, кој конечно темелно и конзистентно ќе ги застапува интересите на граѓаните Албанци, кои одамна се заборавени од ДУИ и ДПА“. Според нив, тие активности бараат време и темелна работа.

Повеќе на „Дојче веле“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top