Нестабилност во текот на целиот ден, а врнежи од дожд и грмежи повторно се очекуваат во попладневните часови, особено во североисточните делови на земјата. Вакво време ја очекува Македонија денеска.
Минималната температура ќе се спушти до 17 степени, а максималната ќе достигне и 33 степени
Според специјализираниот сајт за метеорологија „Метеопро“, во скопската котлина се очекува претежно сочнево време со мала до умерена облачност наутро и мала можност за повремен дожд, додека попладне повторно ќе има услови за локално нестабилно време проследено со дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 30 степени.
Во Охридско-Преспанскиот регион се очекува сончево време со умерена облачност, а попладне постои мала шанса за нестабилност проследена со дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне околу 28 степени.
Дојран очекува топло и претежно сончево претпладне, додека попладне ќе има услови за нестабилно време со локален дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне вреднос околуоколу 33 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.