| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров побара од Кери да не се меша во работата на ОБСЕ

лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Џон Кери се согласиле за важноста од итен прекин на огнот во источна Украина, а Лавров од својот колега побарал САД да престанат со попречувањето на работата на специјалната мисија Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Украина.
Како што соопштува руското министерство за надворешни работи, во телефонскиот разговор кој како што се истакнува се одвивал на барање на американската страна и во кој борбите во Украина биле карактеризирани како внатрешен конфликт, Лавров истакнал дека „Русија ги поканила набљудувачите на ОБСЕ на своите погранични контролни пунктови ‘Гуково’ и ‘Донецк’ на границата со Украина и го чека нивното пристигнување без одлагање“.
„Тој (рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров) побара од (американскиот државен секретар) Џон Кери на своите подредени службеници да им даде инструкции да престанат да ја попречуваат соодветната работа на ОБСЕ“, се наведува во соопштението на руската дипломатија.
Шефовите на дипломатиите се согласиле дека и покрај сите различни пристапи кон решавањето на внатрешниот конфликт, важно е да се издејствува неодложен прекин на огнот и почеток на преговорите меѓу спротиставените сили, според договорот постигнат на 17-ти април во Женева, меѓу Украина, Русија, САД и Европската унија.
Лавров и Кери, исто така, разговарале и за ситуацијата на Блискиот исток, каде што претходно државниот секретар на САД престојуваше во работна посета. Министрите ги разгледувале и билатералниот руско-американски дијалог за неширењето на нуклеарното вооружување

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top