Со третиот пораз во А групата на младинското Европско првенство за ракометари до 20 години Македонија ги заврши натпреварите, а вечерва подобри беа Норвежаните.
Составот од Скандинавија победи со 27-23, но и тоа беше пирова победа, бидејќи и тие испаднаа во трката за првите две места со Шпанија и Франција во фазата по групи на ЕП во Австрија.
Македонија со 3 порази и без бодови остана на четвртата позиција. Шпанија на стартот не победи со 33-22, потоа и Франција беше подобра со 3 гола разлика, 25-22, а вечерва и Норвешка славеше против избраниците на Зоран Петковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


