1. Секогаш кога излегувате на сонце, носете очила, особено помеѓу 10 и 17 часот, а заштитен крем нанесете половина час пред изложување на сонце.
2. Ако сте на сонце цел ден, мачкајте се со заштитниот крем на секои два часа, како и после пливање или после интензивно потење.
3. Ако еднаш сте изгореле, посветете посебно внимание во иднина, бидејќи ризикот од развој на меланом е двојно зголемен.
4. Кај природните црвенокоси, луѓето со руса коса или светли очи поголема е веројатноста да се развие меланом и мораат да посветат посебно внимание кога се изложени на сончева светлина.
5. Поголема количина на крем или млеко за сончање нанесете на местата каде што имате пеги, белези и бемки.
6. Редовно проверувајте ги бемките и следете ги сите сомнителни промени на кожата. Секој пат кога ќе забележите нешто чудно, консултирајте се со лекар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


