| четврток, 6 декември 2018 |

Во Иран камшикувани пет лица поради непочитување на рамазанскиот пост

Пет лица се јавно камшикувани во Иран бидејќи јаделе во јавност за време на рамазанскиот пост, објавија денеска иранските медиуми.

ramazan

– Камшикувањето се случи во градот Керманшах, западен Ирак. Луѓето се казнети бидејќи ја игнорирале полицијата и „намерно јаделе“ за време на постот – изјави државниот обвинител Али Мозафари.

Иранските власти секоја година ги предупредуваат граѓаните да ги почитуваат рамазанските пости и да не јадат и да пијат во јавност од зора до заоѓање на сонцето. Но, тие правила некогаш се прекршуваат посебно кога е топло времето и пијат вода на улица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top