Косовскиот премиер Хашим Тачи во Парламентот не успеал да го изнесе извештајот за петтата рунда преговори со српскиот колега Ивица Дачиќ во Брисел. Во тоа го спречиле опозициските пратеници од движењето „Одлучи сам“.
Пратениците од ова движење на говорницата поставиле транспарент со мапа на Косово, на која Митровица била означена со црвена боја и пишувало „Косово на Тачи“.
– Без било какви консултации Тачи ја продава и дели нашата земја. Ова го направивме за да го разбудиме народот на Косово, изјави пратеникот Висар Имери, кој додаде дека Тачи преговара без претходно да го праша Парламентот.
Седницата на косовскиот Парламент е прекината по двочасовната пауза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации