| четврток, 6 декември 2018 |

Идентификувана првата жртва од авионската несреќа во Украина

Форензичарите вчера ја идентификуваа првата од 298 жртви од патничкиот авион „боинг 777“ на компанијата „Малезија ерлајнс“, кој минатата недела се урна во Украина, соопшти холандската Влада.

maleziski-avion-tela

– Идентификувана е првата жртва од летот МХ17, објави холандското Министерство за правда, додавајќи дека жртвата е Холанѓанец и оти за тоа е известено неговото семејство и градоначалникот на градот каде живеел.

Но, министерството за правда не го открива идентитетот на жртвата.

Холандија е задолжена за идентификавција на сите жртви од авионската несреќа што се случи на 17 јули. Меѓу загинатите 193 жртви биле холандски државјанин. Во Холандија се префрлени 227 тела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top