
Кери Бредшоу и нејзините пријателки од култната серија „Секс и Градот“ во речиси секоја епизода споменуваа по некоја позната светска марка. Една анализа покажа дека најспоменувана марка во серијата е името на магазинот „Вог“.
Според британското издание на ова списание, брендот „Вог“ во серијата бил споменат 36 пати, а во четврата сезона Кери дури и ги посетува канцелариите на магазинот во Њујорк.
По „Вог“ на листата следат брендовите „Мартини“ кој е споменат 34 пати, „Јенкис“ – 26 пати, „Никс“ – 25 и „Њујорк Тајмс“ – 24 пати.
„Маноло Бланик“ се најде дури на шестото место со 16 споменувања, пред „Долче Габана“ со 15, „Прада“ и „Пост-ит“ со по 14, „Шанел“ со 13 и „Гучи“ со 12.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


