Американскиот режисер Стивен Спилберг, троен добитник на „Оскар“, кој оваа година сепак не ја доби престижната награда за филмот „Линколн“, ќе биде претседател на жирито на годинешниов Кански филмски фестивал.
66-годишниот Спилберг ќе го предводи жирито на 66-тото издание на фестивалот кое ќе се одржи од 15 до 16 мај.
Спилберг досега има претставено неколку свои филмови на овој фестивал, а неговиот опус покрива „широк спектар од забавни филмови до сериозни рефлексии за историјата, расизмот и човечките состојби“, се наведува во соопштението на организаторот на угледниот филмски фестивал.
-Неговите филмови, но и неговата целокупна посветеност на филмската уметност, овој режисер го изедначуваат со најголемите великани на Холивуд. Горди сме што ќе му бидеме домаќини, вели Тјери Фремо, член на организациската комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фантастичен прием на „Дивата круша“ на Нури Бигле Џејлан на Канскиот филмски фестивал
-
Јапонецот Хироказу Коре- Еда е годинашниот добитник на „Златната палма“ во Кан
-
Агенцијата за филм во Кан потпиша неколку договори за регионална и европска соработка
-
Македонија како дестинација за снимање филмови се промовира во „Холивуд репортер“