Уште има тела на местото каде пред повеќе од една недела се урна малезискиот авион Боинг 777, изјави денеска австралискиот премиер Тони Абот.
Тој наведе дека некои тела не ни биле тргнати од местото на несреќата.
– Поради тоа е важна меѓународната мисија, истакна Абот, додаваќи оти ангажманот на Австралија во Источна Украина ќе биде само хуманитарен.
Австралија планира да испрати 190 полицајци и неколку војници во меѓународната мисија, која ќе го обезбеува местото на несреќата со цел да се тргнат сите тела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун