
Експертите на Обединетите нации денеска ја пронајдоа и втората црна кутија од алжирскиот авион кој се урна во северниот дел на Мали, при што загинаа најмалју 116 патници и членови на екипажот, соопшти мировната мисија на ОН.
– Пронајдена е втората црна кутија на местото на несреќата – пишува во соопштението.
Француските војници вчера пронајдоа една црна кутија. Владините претставници од Франција вчера изјавија дека најверојатна причина за падот на авионот се лошите временски услови, но оти не ја исклучуваат можноста за терористички напад.
Во авионот имаше 51 Французин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


