| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус му е по мерак на Пандев (видео)

Македонскиот репрезентативец и член на Наполи, Горан Пандев, пости со голови цели 19 кола во Серија А, но утре на мегдан му доаѓа омилениот противник, Јувентус. Струмичанецот секогаш игра како препореден против „Старата дама“ од Торино, а му даваше голови на извонредниот Буфон и кога настапуваше за други клубови во Калчото.

-Се надевам дека ќе го прекинам долгиот пост, со гол против Јуванетус. Честопати сум бил прецизен против нив. Верувам дека и овојпат ќе го совладам Буфон. Натпреварот е исклучително значаен. Посакуваме победа со која ќе останеме во трка за титулата – вели Пандев. Интересно е, што само тој од сите играчи во Наполи бил шампион во Италија, но во дресот на Интер.

 

Јувентус, кој моментно е лидер и му бега 6 бода на Наполи, му лежи на нашиот репрезентативец. Особено убав беше голот што Пандев му го даде на Буфон како член на Лацио, пред 8 сезони. Горан ја измеша целата одбрана на Јуве и во стил на велемајстор го совлада Буфон. За реприза и прекинување на предолгиот пост без гол, Пандев ќе има шанса утре во Неапол од 20,45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top