Томислав Јотовски ќе игра во полуфиналето на турнирот од фјучрс серијата вреден 10.000 долари во Ваљево, Србија, по победата против Давиде Мелхиори со 7-5, 6-0, а Димитар Грабул не успеа да оствари идентичен успех во Хејст, Белгија.
Јотовски во четвртфиналната пресметка лесно славеше против Италијанецот во два сета. Македонскиот тенисер е петти носител на турнирот и во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу српските тенисери Златановиќ и Катиќ.
Димитар Грабул е елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Хејст, Белгија, откако загуби од домашниот тенисер Јонас Меркс во три сета, со 6-7, 6-4, 1-6.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.