Француската телевизија „Франс 2“ денеска ги објави првите снимки од остатоците на авионот на „Ер Алжир“ што се урна вчера во Мали, јави дописникот на МИА од Париз.
Снимките биле направени од војник на Армијата на Буркина Фасо, кој меѓу првите се нашол на местото на несреќата. На снимките се гледаат остатоци од авионот распрснати на околу 500 метри, што само ја докажува јачината на падот.
На сувата земја прошарена со малку растенија се гледаат илјадници распрснати делови и парчиња, што најчесто е невозможно да се идентификуваат.
Ниту едно лице не ја преживеа несреќата. Според информациите што доаѓаат од Мали, досега е пронајдена едната од двете црни кутии на авионот, што сигурно ќе помогне да се дознаат причините за падот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)