| четврток, 6 декември 2018 |

Касилјас на клупа првпат по десет години

Реал Мадрид уште еднаш ги разочара своите навивачи, овојпат со поразот од 3:2 кај Малага во натпреварот од 17. коло на шпанската Примера дивисион.

Иако, мадриѓаните сега заостануваат 16 бода зад Барселона, шпанските медиуми најголем простор и отстапија на одлуката на тренерот Жозе Мурињо да го остави голманот Икер Касилјас на клупата на сметка на Антонио Адан. Ако не се земат предвид натпреварите, кои ги пропуштил поради повреда, Касилјас последен пат гледал натпревар од клупата во 2002 година против Ла Коруња.
На дуелот против малага, фудбалерите на Реал облекоа маици со натписи за поддршка на тренерот на Барселона Тито Виланова, кој неодамна имаше операција на тумор, а во саботата беше пуштен од болница.
Барселона славеше со 3:1 кај Валјадолид, а Лео Меси беше стрелец на вториот гол, завршувајќи ја 2012 година со рекордни 91 погодок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top