Италијанската мултинационална компанија „Монтанте груп“ есенва ќе почне градба на фабрика во ТИРЗ Скопје 1 за производство на амортизери за возови, шински возила, автобуси и тешки возила. Првичната инвестиција ќе изнесува околу 10 милиони евра, а објектот во кој ќе се вработат 100 лица треба да биде готов најдоцна за една година од почетокот на градбата.
Ова денеска на прес-конференција го истакнаа сопственикот на „Монтанте груп“ Антоанело Монтанте и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо.
Групацијата веќе регистрирала мешовита компанија во Македонија под името „Њуко“, а се предвидува по завршувањето на градбата да извезува производи во вредност од над 30 милиони евра од Македонија.
Компанијата веќе е во фаза на склучување на договори за две локации во ТИРЗ Скопје 1 на кои првично ќе се изгради еден објект, а во подоцнежната фаза, како што рече сопственикот Монтанте, се планира тројно па и четирократно зголемување на капацитетите.
Монтанте груп е мултинационална италијанска компанија со 2.300 вработени и годишен обрт од 800 милиони евра. Нејзиното седиште е во близина на Торино, Италија, а можностите за инвестирање во Македонија биле запознати на минатогодишното владино роуд-шоу во Италија.
– Не е тајна дека пред да дојдеме во Македонија бевме и во соседните држави, но Македонија ни понуди најдобри услови за инвестирање и затоа токму тука се одлучивме да ја отвориме нашата фабрика. Не станува збор за дислоцирање на постојна фабрика, туку во Македонија ќе градиме целосно нов капацитет – рече Монтанте.
Тој се заблагодари на премиерот Груевски и на неговиот економски тим за понудените услови и за заложбите за привлекување на странски инвестиции во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме