| четврток, 6 декември 2018 |

Берлински дилеми и американски шпиони

Ми­на­та­та не­де­ла гер­ман­ски­те ме­ди­у­ми об­ја­ви­ја до­се­га нај­го­лем скан­дал со шпи­о­ни­ра­ње кој се­ри­оз­но ги раз­ни­ша тра­ди­ци­о­нал­ни­те од­но­си ме­ѓу САД и Гер­ма­ни­ја. Афе­ра­та поч­на со об­ја­ву­ва­ње­то на ин­фор­ма­ци­ја­та за ап­се­ње­то на двој­ни­от шпи­он, кој исто­вре­ме­но ра­бо­тел и за ЦИА и за гер­ман­ска­та БНД. Но, од ден на ден, слу­ча­јот до­би­ва сѐ по­го­ле­ми ди­мен­зии, а рас­те и бро­јот на осом­ни­че­ни шпи­о­ни

Svet98-1

Во ре­пор­та­жа­та на гер­ман­ски­от вес­ник „Билд“ се на­ве­ду­ва де­ка аме­ри­кан­ски­те тај­ни служ­би ре­гру­ти­ра­ле по­ве­ќе од де­сет шпи­о­ни во раз­ни гер­ман­ски ми­ни­стерс­тва. Се на­ве­ду­ва и ка­ко не­кои шпи­о­ни ра­бо­тат за аме­ри­кан­ска­та ЦИА ве­ќе со го­ди­ни. Кол­ку и да се оби­ду­ва­ле вла­сти­те во Бер­лин да го спре­чат скан­да­лот, истак­ну­вај­ќи де­ка со­јуз­ниш­тво­то ме­ѓу две­те зем­ји е од клуч­на важ­ност, факт е де­ка де­та­ли­те по­сто­ја­но се зго­ле­му­ва­ат. Иди­лич­на­та сли­ка за од­но­си­те ме­ѓу САД и Гер­ма­ни­ја поч­на да ја ури­ва Ед­вард Сно­у­ден со об­ја­ву­ва­ње­то на тај­ни­те до­ку­мен­ти на аме­ри­кан­ска­та На­ци­о­нал­на аген­ци­ја за без­бед­ност (НСА), во кои се откри­ва ка­ко Аме­ри­ка ги шпи­о­ни­ра ре­чи­си си­те зем­ји во све­тот, вклу­чу­вај­ќи ги и сво­и­те најб­ли­ски со­јуз­ни­ци, а нај­го­ле­ма цел би­ла Гер­ма­ни­ја.

 

Двој­ни­от агент не бил единс­твен

Гер­ман­ски раз­уз­на­вач­ки дво­ен агент, кој на­вод­но им про­дал сто­ти­ци стро­го до­вер­ли­ви до­ку­мен­ти на САД, бе­ше фа­тен отка­ко се оби­дел да на­пра­ви здел­ка и со Ру­си­ја. Де­та­ли­те за здел­ка­та со ру­ска­та тај­на служ­ба исп­ли­ваа на по­вр­ши­на отка­ко вла­да­та на кан­це­лар­ка­та Ан­ге­ла Мер­кел го проз­ваа ам­ба­са­до­рот на САД во Бер­лин. Ова е втор слу­чај за ед­на го­ди­на во кој раз­уз­на­вач­ка­та служ­ба на САД се сом­ни­чи за шпи­о­ни­ра­ње на Гер­ма­ни­ја. Пред осум ме­се­ци од­но­си­те ме­ѓу Гер­ма­ни­ја и САД се за­тег­наа отка­ко бе­ше откри­е­но де­ка те­ле­фо­нот на Мер­кел бил прис­лу­шу­ван од аме­ри­кан­ска­та НСА.

Ми­на­та­та не­де­ла гер­ман­ска­та Фе­де­рал­на раз­уз­на­вач­ка служ­ба (БНД) приз­на де­ка еден од неј­зи­ни­те аген­ти е уап­сен по­ра­ди из­да­ва­ње нај­мал­ку 300 стро­го до­вер­ли­ви до­ку­мен­ти на САД во те­кот на пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни, пи­шу­ва „Ин­ди­пен­дент“.

Се ве­ру­ва де­ка три од до­ку­мен­ти­те се од­не­су­ва­ат на гер­ман­ска­та истра­га на шпи­о­ни­ра­ње­то од стра­на на САД и прис­лу­шу­ва­ње­то те­ле­фо­ни. За­се­га ано­ним­ни­от 31-го­ди­шен агент е уап­сен од аген­ти на кон­тра­ра­зуз­на­вач­ка­та служ­ба на сопс­тве­на­та зем­ја и мо­мен­тал­но се на­о­ѓа во гер­ман­ски при­твор.

Гер­ман­ски раз­уз­на­вач­ки из­во­ри от­кри­ва­ат де­ка е мож­но шпи­о­нот на САД да опе­ри­рал не­за­бе­ле­жи­тел­но со го­ди­ни и де­ка из­да­вал ин­фор­ма­ции на тај­ни ло­ка­ции за око­лу 8.000 фун­ти по ин­фор­ма­ци­ја. Се на­ве­ду­ва де­ка кон­та­кти­рал и со САД ед­но­став­но пре­ку е-по­шта до аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да. Ап­се­ње­то на аген­тот е ини­ци­ра­но од гер­ман­ска­та пар­ла­мен­тар­на ко­ми­си­ја за­дол­же­на за истра­жу­ва­ње на скан­да­лот со шпи­о­на­жа­та од стра­на САД.

Спо­ред из­ве­шта­и­те, двој­ни­от агент е откри­ен отка­ко се оби­дел да ѝ из­да­де ин­фор­ма­ции и на Ру­си­ја, по­втор­но са­мо пре­ку ис­пра­ќа­ње е-по­шта до нив­на­та ам­ба­са­да.

Аген­ти­те на БНД, ка­ко и гер­ман­ски­те пра­те­ни­ци, би­ле „вчу­до­ви­де­ни“ од тоа откри­тие.

– Се­га оче­ку­вам се­кој да по­мог­не за бр­зо рас­чи­сту­ва­ње на об­ви­ну­ва­ња­та – и бр­зи и јас­ни из­ја­ви. Исто та­ка, и од САД – из­ја­ви за вес­ни­кот „Билд“ ми­ни­сте­рот за вна­треш­ни ра­бо­ти, То­мас де Ме­зи­ер.

Се шпе­ку­ли­ра де­ка Гер­ма­ни­ја мо­же да им вра­ти на САД со тоа што ќе го по­ка­ни по­тка­жу­ва­чот Ед­вард Сно­у­ден да све­до­чи про­тив НСА пред бер­лин­ска­та пар­ла­мен­тар­на ко­ми­си­ја. Но, вла­да­та на Мер­кел за­се­га ја отфр­ла таа оп­ци­ја.

 

Svet98-2

Аме­ри­кан­ски­те ме­ди­у­ми мол­чат за скан­да­лот со шпи­о­ни­ра­ње

На пат кон Ва­шин­гтон, чле­но­ви на Ко­ми­си­ја­та за над­во­реш­ни ра­бо­ти на гер­ман­ски­от Бун­де­стаг се на­де­ваа де­ка ќе до­би­јат од­го­во­ри на пра­ша­ња­та за афе­ра­та со шпи­о­на­жа од стра­на на САД. Но, до­би­ја тол­ку мал­ку од­го­во­ри, што се­га ја пре­ис­пи­ту­ва­ат сво­ја­та стра­те­ги­ја.

Гер­ман­ски­те пар­ла­мен­тар­ци беа из­не­на­де­ни од тоа кол­ку нив­ни­те аме­ри­кан­ски ко­ле­ги не би­ле за­поз­на­е­ни со ште­та­та што ја пре­диз­ви­ка скан­да­лот со шпи­о­ни­ра­ње­то.

– Пре­диз­ви­ка­на­та ште­та ни­ту е спо­ме­на­та во аме­ри­кан­ски­те ме­ди­у­ми ни­ту, пак, по­ли­тич­ки­те ли­де­ри се за­поз­на­е­ни со тоа – из­ја­ви вид­но вчу­до­ви­де­ни­от Нор­берт Ре­тген, пре­тсе­да­тел на од­бо­рот на Дол­ни­от Дом на Бун­де­ста­гот за над­во­реш­ни ра­бо­ти и член на Хри­сти­јан­ско-де­мо­крат­ска­та уни­ја (ЦДУ), ка­ко и по­ра­не­шен ми­ни­стер во вла­да­та на Мер­кел.

Ре­тген наг­ла­си де­ка нај­важ­на за­да­ча за не­го­ва­та де­ле­га­ци­ја е „да ги осве­стат“ Аме­ри­кан­ци­те за го­ле­ми­на­та на скан­да­лот во Гер­ма­ни­ја и ка­ко тој го до­ве­ду­ва во ри­зик аме­ри­кан­ско-гер­ман­ско­то при­ја­телс­тво.

– Во­дев­ме мно­гу искре­ни раз­го­во­ри, но, и по­крај тоа, за­ми­ну­вам до­ма со чув­ство де­ка тре­ба уште мно­гу да се на­пра­ви – из­ја­ви Ма­ри­лу­и­зе Бек, член на гер­ман­ска­та опо­зи­ци­ска Пар­ти­ја на зе­ле­ни­те.

Аме­ри­кан­ци­те се да­ле­ку од пре­зе­ма­ње ре­ал­ни че­ко­ри за да ја по­до­брат си­ту­а­ци­ја­та, из­ја­ви таа, а овој став го де­ли и Фи­лип Ми­сфел­дер, по­ли­ти­чар од ЦДУ.

– Ре­чи­си це­ла го­ди­на во­ди­ме ди­ску­сии за слу­ча­јот „Сно­у­ден“, но очиг­лед­но е де­ка сè уште не­ма фун­да­мен­тал­ни про­ме­ни во на­чи­нот на кој САД се од­не­су­ва­ат кон сво­и­те со­јуз­ни­ци – со­оп­шти Ми­сфел­дер.

 

Svet98-3

НСА са­ка да шпи­о­ни­ра и да по­ми­не не­каз­не­то

НСА, од ед­на стра­на, са­ка си­те со­јуз­ни­ци да со­ра­бо­ту­ва­ат со неа во гло­бал­на­та бор­ба про­тив те­ро­риз­мот, но, од дру­га стра­на, уште ги са­ка ста­ри­те вре­ми­ња ко­га мо­же­ше да ги шпи­о­ни­ра­ат дру­ги­те зем­ји и да по­ми­не не­каз­не­то, ве­ли по­ра­неш­на­та аген­тка на МИ5, Ани Ма­хон, за „Ра­ша ту­деј“ (РТ).

РТ: Пр­во вра­бо­тен во гер­ман­ска­та раз­уз­на­вач­ка служ­ба, се­га член на Ми­ни­стерс­тво­то за од­бра­на. Кол­ку дла­бо­ко се нав­ле­зе­ни САД во гер­ман­ска­та власт?
Ани Ма­хон: Да го па­ра­фра­зи­рам бри­тан­ски­от драм­ски пи­са­тел Оскар Вајлд: „Да за­гу­биш еден шпи­он во ед­на не­де­ла е не­сре­ќа, да за­гу­биш два е не­чув­стви­тел­ност“. Мис­лам де­ка е ин­те­рес­но што се за­бе­ле­жу­ва оти гер­ман­ски­те вла­сти, по скан­да­лот со БНД, се оби­ду­ва­ат да воз­вра­тат за вме­ша­но­ста на ЦИА во ко­па­ње­то и скла­ди­ра­ње­то ин­фор­ма­ции од ми­на­то­го­диш­ни­те обе­ло­де­ну­ва­ња на Сно­у­ден за про­гра­ма­та „Икс-Ки­скор“ и, се раз­би­ра, по го­ле­ми­от скан­дал де­ка НСА ги прис­лу­шу­ва­ла и по­ви­ци­те на при­ват­ни­от те­ле­фон на кан­це­лар­ка­та Ан­ге­ла Мер­кел. Мис­лам де­ка гер­ман­ски­те шпи­о­ни се­га воз­вра­ќа­ат за не­кои ра­бо­ти. Тие, на­ви­сти­на, се тру­дат да откри­јат што пра­ват Аме­ри­кан­ци­те во сво­ја­та зем­ја. Мис­лам де­ка ќе откри­јат и мно­гу по­ве­ќе, ова е са­мо по­че­ток во ни­за­та на тоа што сè пра­ве­ла НСА, и тоа не са­мо со еден од клуч­ни­те европ­ски парт­не­ри, ту­ку, нај­ве­ро­јат­но, и со це­ла Евро­па.

РТ: Што, всуш­ност, ба­ра Ва­шин­гтон во Гер­ма­ни­ја, ко­ја е не­гов со­јуз­ник?
Ани Ма­хон: Во пра­ша­ње се раз­ни про­то­ко­ли ме­ѓу со­јуз­ни­ци­те, спо­ред кои раз­уз­на­вач­ки­те служ­би не тре­ба да се по­тко­пу­ва­ат, ре­гру­ти­ра­ат  и шпи­о­ни­ра­ат ме­ѓу­себ­но. Зна­чи, НСА, од ед­на стра­на, са­ка си­те со­јуз­ни­ци да со­ра­бо­ту­ва­ат со нив во гло­бал­на­та бор­ба про­тив те­ро­риз­мот, но, од дру­га стра­на, уште ги са­ка ста­ри­те вре­ми­ња ко­га мо­же­ше да ги шпи­о­ни­ра дру­ги­те зем­ји и нив­ни­от на­ци­о­на­лен су­ве­ре­ни­тет, а да по­ми­не не­каз­не­то. Не мо­же да ги има две­те не­шта.

РТ: Бер­лин го проз­ва ам­ба­са­до­рот на САД за тие два слу­чаи. Да­ли Бер­лин, ко­неч­но, ќе пре­зе­ме не­што?
Ани Ма­хон: Ве­ро­јат­но стиг­нав­ме до таа точ­ка. Ако сра­мот од ми­на­то­го­диш­ни­те слу­чу­ва­ња со про­гра­ма­та „Икс-Ки­скор“ и прис­лу­шу­ва­ње­то на те­ле­фо­нот на кан­це­лар­ка­та не бе­ше до­во­лен, то­гаш се­гаш­ни­те откри­ти­ја ќе им ја на­мет­нат на Гер­ман­ци­те по­тре­ба­та да се спро­тив­ста­ват со иста ме­ра, ка­ко што и бе­ше нај­а­ве­но де­ка ќе поч­нат да шпи­о­ни­ра­ат на од­мазд­нич­ки на­чин за да го за­шти­тат сво­јот на­ци­о­на­лен су­ве­ре­ни­тет. Се­пак, до­бро бе­ше да се ви­ди ка­ко се акти­ви­ра­ат за до­не­су­ва­ње за­ко­ни и вли­ја­ат врз европ­ска­та сре­ди­на за за­шти­та на при­ват­но­ста на европ­ски­те гра­ѓа­ни на ин­тер­нет, пре­ку средс­тва­та за ко­му­ни­ка­ци­ја би­деј­ќи со Ед­вард Сно­у­ден и со овие слу­чаи до­бив­ме до­вол­но до­ка­зи де­ка САД се над­вор од кон­тро­ла, де­ка НСА безг­ла­во на­па­ѓа и де­ка ќе про­дол­жи да го пре­кр­шу­ва пра­во­то на при­ват­ност на си­те во Евро­па. Мо­ра да се оси­гу­ри­ме де­ка одре­де­ни за­ко­ни, кои мо­жат да го спре­чат тоа, се спро­ве­ду­ва­ат и се на­де­вам де­ка Европ­ски­от пар­ла­мент, по си­те до­ка­зи од ми­на­та­та го­ди­на, ќе се при­др­жу­ва до пре­по­ра­ки­те од 2001 го­ди­на по скан­да­лот ЕШЕ­ЛОН, со што ќе се из­гра­ди по­себ­на ин­фра­стру­кту­ра за Евро­па и ќе се оси­гу­ри де­ка мо­же да ко­ри­сти­ме соф­твер со отво­рен код и да се ос­ло­бо­ди­ме од за­вис­но­ста од со­ра­бот­нич­ки­от соф­твер на САД. Мис­лам де­ка тоа е од­лич­на мож­ност, се на­де­вам де­ка Гер­ма­ни­ја ќе ја иско­ри­сти.

РТ: Спо­ред ед­на не­о­дам­неш­на ан­ке­та, по­ло­ви­на од Гер­ман­ци­те са­ка­ат по­ма­ла за­вис­ност од Ва­шин­гтон. Мис­ли­те ли де­ка тоа е по­вр­за­но са­мо со об­ви­ну­ва­ња­та за шпи­о­ни­ра­ње?
Ани Ма­хон: Мис­лам де­ка тоа бе­ше огро­мен мо­тив за та­ков пот­тик. Мно­гу лич­но­сти од об­ла­ста на тех­но­ло­ги­ја­та во Евро­па со го­ди­ни збо­ру­ваа за тоа. Фон­да­ци­ја­та „Сло­бо­ден соф­твер“ се за­ла­га за на­пу­шта­ње на за­вис­но­ста од аме­ри­кан­ски­от кор­по­ра­ти­вен ли­цен­ци­ран соф­твер. Зем­ји­те тре­ба да ги на­со­чи­ме кон ко­ри­сте­ње соф­твер со отво­рен код за да мо­же­ме да ви­ди­ме што, всуш­ност, се слу­чу­ва во зад­ни­на и за да мо­же­ме да ја за­шти­ти­ме при­ват­но­ста. Тоа, исто­вре­ме­но, би би­ло и од­лич­на де­лов­на мож­ност за Евро­па да ос­но­ва ком­па­нии, да раз­ви­ва зна­е­ње и мла­ди­те да се обра­зо­ва­ат. Тоа е си­ту­а­ци­ја во ко­ја се­кој до­би­ва и се на­де­вам де­ка Гер­ма­ни­ја ќе го сфа­ти на­ру­шу­ва­ње­то на на­ци­о­нал­ни­от су­ве­ре­ни­тет ка­ко мо­тив за са­ма­та зем­ја и оста­то­кот од Евро­па да се ди­стан­ци­ра­ат од САД и да поч­нат да ко­ри­стат соф­твер со отво­рен код за да ги за­шти­тат пра­ва­та што ги има­ме ка­ко гра­ѓа­ни на Европ­ска­та уни­ја.

Извор | Билд, Ин­ди­пен­дент, Дој­че ве­ле, Ра­ша ту­деј

 

Текст објавен во 98. број на неделникот „Република“, 18.07.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top