| четврток, 6 декември 2018 |

Стефан Ашковски на заем во Штромгодсет

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ашковски ќе игра за норвешкиот шампион Штромгодсет, како играч на заем од Партизан во следните шест месеци.

Ашковски, кој потекнува од вардаровата младинска школа беше вишок во редовите на српскиот првак, а интересно е што неговата авантура со заемите од клуб во клуб продолжува.

Големиот талент на Вардар играше како фудбалер на заем во неколку клубови од Србија, како Рад, Доњи Срем и Напредак, а сега ќе патува за Норвешка во силен тим каков што е Штромгодсет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top