| четврток, 6 декември 2018 |

Карло Бос ќе снима порнофилм во Македонија

Гоце Гиновски, односно Карло Бос, следниот месец ќе го снима својот прв македонски порнофилм. Актерот од филмовите за возрасни, кој долги години живееше и работеше во Италија, сега повеќе од една година е во родното Куманово и смета дека е вистинско време за својот сексуален талент да го покаже и пред домашната публика. Кастингот за негова партнерка е отворен, а додека му најдат партнерка за жешките сцени, тој вежба и се подготвува со помош на стриптизерката Црна Мачка, пишува „Вечер“.

Ако е лето, ќе се мачиме, ќе се потиме и ќе работиме. Уште не знам која ќе ми биде партнерка, но конкурсот е отворен и сите дами кои мислат дека добро ќе се снајдат можат да се пријават, па ќе ја одбереме најталентираната заедно со Горан од „Валијант“ – вели порноѕвездата, кој признава дека слабост му се постарите дами на возраст меѓу 50 и 60 години, односно успешните, моќни и самосвесни жени.

Во кариерата има снимено околу 230 филмови со околу 700 партнерки, но открива дека големината на „алатот” не е најважниот момент во неговата професија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top