Постојат многу суеверија меѓу луѓето а многу од нив и ги правиме свесно или несвесно, секојдневно.
Некои од најголемите суеверија се:
Ова суеверие датира уште од пред 5000 години и потекнува од Еѓипјаните, кои веруваат дека скалата претставува врата за задгробниот живот.
Оној што ќе помине под скала искажувал непочитување спрема боговите.
-Скршено огледало носи 7 години несреќа
Во античка Грција било нормално за луѓето да се консултираат со т.н. “гледачи во огледало” кои им ја откриле судбината при анализа на одраз во огледалото.
Древните Еѓипјани верувале дека ако црна мачка ти пресече пат ќе им донесе среќа.
Меѓутоа во текот на средниот век, во Европа дошло сосема спротивно верување. Почнало да се верува дека црните мачки се поврзани со вештерки, па дури и дека тие самите се вештерки.
Па ако црна мачка пресече пат, тоа носи несреќа и значи дека ѓаволот ве гледа.
-Среќа е кога птица ќе се иск*ка на некој или ако згазите на измет од птица.
Во светот на симболите, изметот е симболизација на пари . Ако ви се иск*ка птица на рамо или ако згазите измет ќе ви пристигне неочекуван прилив на пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.