
Министерот за здравство, Никола Тодоров, ќе поднесе кривична пријава за непознат сторител поради четирите жртви од бактеријата листерија.
Резултатите од првично земените мостри се негативни на оваа бактерија:
– Не сум задоволен од резултатите кои се негативни и иако Министерството за здравство не е директно надлежно за ова, ќе поднесам кривична пријава за непознат сторител и бараме детално да се испита случајот кој пуштил вакви производи во промет, како и детално да се анализираат сите аспекти за да се спречи евентуално нови жртви – изјави Тодоров.
Според министерот, можно е да има пропуст и да е пуштен во промет производ со листерија, но за земените над 300 мостри потребно е дополнително време за детална анализа.
– Наредив од сите продавници од местата каде што живеат заболените да се земат мостри за испитување и подигнати се 47, а денес наредив да бидат земени брисеви и од машините на производствените капацитети, а не само од производите – додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


