Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград е првата ваква установа во која е донесен правилник за заштита на студентите од сексуално вознемирување од страна на професорите.
Сексуалниот правилник е резултат на неодамнешната афера кога студентка пријави угледен професор од факултетот, дека сексуално ја уценувал и се обидел да ја нападне во неговата канцеларија. Иако факултетот утврди дека оваа пријава е оправдана, професорот беше осменет само од една функција, но продолжи да предава.
Деканот на ФПН, Илија Вујачиќ, потоа го иницираше правилникот кој ќе служи за спречување и за заштита од сексуално малтретирање на ученички.
Ако се утврди дека некој од професорите прекршил некои од правилата, ќе добие казна, но истото важи и за студентите кои ќе пробаат да го злоупотребат овој правилник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


