| четврток, 6 декември 2018 |

Министерство за култура: Борис Трајанов е национален уметник за 2014 година

Boris trajanov mali 3

Македонскиот баритон Борис Трајанов е избран за национален уметник во 2014 година, што е највисоко признание од областа на културата, соопшти денеска Елизабета Канческа-Милевска, министерката за култура.

За ова престижно признание, кое досега го добиле пијанистот Симон Трпчевски, режисерот Милчо Манчевски и кралицата на ромската музика Есма Теодосиевска, конкурирале уште и поетот Никола Маџиров и професорот и преведувач Драги Михајловски.

Boris trajanov mali (2)

– До министеството стигнаа три иницијативи и тоа од Македонската опера и балет, која го номинираше Трајанов, потоа Младинскиот културен центар го предложи Маџиров, а издавачката куќа „Каприкорнус“ од Скопје го номинираше Михајловски, кој го преведе сето дело на Вилијам Шекспир на македонски јазик. Само Трајанов ги исполнуваше сите општи и посебни критериуми пропишани со Законот – рече Канческа-Милевска.

Титулата национален уметник се доделува на 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

– Трајанов е еден од најрепрезентативните музички уметници во Република Македонија. Во својата кариера остварил врвна комуникација со културните случувања во светот, преку учество на потврдени меѓународни манифестации и фестивали. Со многубројните концерти одржани на светски афирмирани манифестации, како и со освоените престижни награди и признанија, даде врвен придонес во градењето и во унапредувањето на културата и на уметноста во нашата земја – додаде Канческа-Милевска.

Во многубројната професионална биографија на Трајанов има многу концерти и оперски претстави. Покрај Германија, настапува во речиси сите еминентни оперски сцени во Европа, потоа САД, Латинска Америка, Русија, Јапонија, Кореја, Израел, Русија…Во кариета на Трајанов стојат запишани и 43 водечки баритонски улоги, имал преку 1.320 настапи од кои 135 концерти и 1.186 оперски претстави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top