-Комисијата во состав: академик Митко Маџунков, академик Вера Битракова Грозданова, проф. м-р Тања Вујисиќ- Тодоровска, Петре Темелковски, актер и проф. Беди Ибраим академски сликар и скулптор, по разгледувањето на пристигнатите иницијативи одлучи оваа 2016 година, согласно утврдените и исполнетите критериуми од Законот за национален уметник на Република Македонија, титулата национален уметник да му се додели на нашиот реномираниот поет и преведувач, Никола Маџиров, соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Со својата дејност Никола Маџиров во последните години оствари интензивна комуникација со културните случувања во светот, преку бројните учества на најетаблираните меѓународни манифестации и фестивали. Преку своето перманентно и активно учество на овие меѓународни книжевни настани тој даде значаен придонес во афирмацијата на новата македонска книжевност во светот. Поезијата на Никола Маџиров денеска е објавена во над педесетина земји во светот, во Европа, Сад, Азија, Африка, Латинска Америка и во Австралија и преведена е на 41 светски јазик. Маџиров е добитник на повеќе книжевни награди како меѓу кои: наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за поетската книга „Преместен камен“ (2007), Европската поетска награда „Хуберт Бурда“, „Левју литерер“и др.
Ова е шеста по ред титула национален уметник, а досега со неа се закитија Симон Трпчески, Милчо Манчевски, Есма Реџепова, Борис Трајанов и Ана Дурловски како врвни репрезенти на македонската култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.