| четврток, 6 декември 2018 |

Луис Хамилтон останува во Мерцедес и по 2015 година

Возачот на Мерцедес во Формула 1, Бритенецот Луис Хамилтон, ќе го продолжи договорот со Мерцедес. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната во 2015 година, но, како што е најавено од тимот, по завршувањето на оваа сезона, без разлика на пласманот, ќе му биде понуден повеќегодишен договор кој се очекува да биде „потежок“ од 20 милиони фунти по сезона колку што заработува во моментов.

– Мерцедес е истетовиран во моето срце. Тоа е мојот дом. Сигурно ќе се случи такво нешто по завршувањето на оваа сезона, но сега треба само да се сконцетрирам на трките што следат и да се обидам да ја освојам титулата – изјави Луис Хамилтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top