Злосторството го призна нејзиното момче Доменико де ла Рока (26), кој на сослушувањето истакна дека немал намера да ја убие. Де ла Рока, кој има потекло од Италија, рекол дека по кусата расправија што ја имале, зел чекан и jа удирал Хилда по глава, по што ѝ го пресекол вратот со брич.
– Ја удрив еднаш и таа падна на подот. Кога видов дека е многу повредена, продолжив да ја удирам со чеканот. Потоа го земав бричот и ѝ го пресеков вратот – изјавил Доменико на сослушувањето, а пренесува германски „Билд“.
По убиството чеканот и бричот ги фрлил во различни контејнери и побегнал. Обвинителството по сослушувањето поднесе обвинение за тешко убиство, како и за прикривање тежок злочин.
Исчезнувањето на девојката го пријавиле нејзините пријатели бидејќи им било сомнително тоа што не се јавува на телефон. Полицијата по пристигнувањето ја скршила вратата и ја видела ужасната слика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка



