Петок во поголем дел од земјава ќе помине во релативно стабилно време. Претежно сончево ќе биде во текот на претпладнето. Попладне услови за развој на облачност која може да продуцира повремен дожд и грмежи ќе има во западната половина од земјава. Приквечер, услови за краткотраен дожд ќе има и во осоговско-малешевскиот регион, како и во јужниот тек на Вардар. Денот ќе биде потопол.
Според метеопро.мк, максималната ќе достигне вредност околу 31°С во котлините во северната половина од земјата, и околу 28°С во југозападното подрачје. Најтопло, до 35°С ќе биде во јужниот тек на Вардар.
Во скопската котлина се очекува претежно сочнево време со мала до умерена облачност попладне. Минималната температура ќе се спушти до 18°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 32°С.
Во Охридско-Преспанскиот регион се очекува сончево време со умерена облачност попладне. Постои минималнз шанса за краткотраен дожд. Максималната дневна температура ќе достигне околу 27°С.
Дојран очекува топол и претежно сончев ден со максимална температура околу 34°С. Приквечер, постои минимална шанса за краткотраен дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.