| четврток, 6 декември 2018 |

Во авионската несреќа во Тајван загинаа 48 лица (видео)

-taiwan-plane-crash-horizontal-gallery

Две авионски несреќи денеска. Едната со авионот на алжирската авиокомпанија, втората во  Тајван во која загинаа 48 лица, а десет се повредени. Се урна двомоторен авион на компанијата Транс-Азија Ервејс при неуспешен обид за итно слетување, во близина на аеродромот Магонг на островот Пенг-ху. Според тајванските медиуми, со авионот патувале вкупно 58 лица,   54 патници и 4 членови на екипажот.

Медиумите пренесуваат информации за хаотични сцени на локацијата каде се урнал авионот при што спасувачките служби и пожарникарите се обидуваат да им помогнат на потешко повредените лица. Засега нема официјална потврда што го предизвикало урнувањето на авионот, иако Тајван денеска беше зафатен и со силни ветришта и поројни дождови од тајфунот Матмо, што доведе до откажување на голем број летови. Забраната за полетување сепак била повлечена околу 17 часот и 30 минути по локално време а набргу потоа полетал и авионот на Транс-Азија Ервејс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top