| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: СДСМ на есен ќе се врати во Собрание

милососки

Политичкиот дијалог помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе продолжи кога опозицијата нема да поставува нелогични и неостварливи барања како што е формирање на техничка владада, вели во интервју за „Инбокс 7“,  потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски. Според него ова барање е резултат на лична хипокризија на лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

– За сите теми кои имаат логика и рационалност подготвени сме да разговараме, како: судство, изборен законик, медиуми, но темата за техничка влада и влегување во нив циклус на политичка криза и делигитимирање на гласот на граѓаните даден на изборите, не е продуктивна. Политичкиот дијалог помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе продолжи во оној момент кога СДСМ ќе покаже дека е подготвена да го апсолвира ова прашање и да не поставува нелогични и неостварливи барања. Барањето за техника влада е резултат на лична хипокризија на првиот човек на опозицијата, Зоран Заев, бидејќи доколку тоа е принцип кој што тој го смета за демоктарски и продуктивен, како избран градоначалник на Струмица би требало тоа да го примени во самите избори на локално ниво. Односно, пред изборот за градоначалник да се постави технички градоначалник и потоа  да има нови избори  – вели Милошоски.

Тој израз надеж дека од есен и опозицијата ќе се вклучи во работата на Собранието, особено во расправите за уставните измени, без разлика дали тоа ќе го направи од собраниска говорница или од партиското седиште. Опозицијата, како што посочи тој, е должна да има став.

– Есента како и секогаш, носи подобри плодови од летото и сметам дека во текот на септември или октомври ќе имаме подобри услови за комплетирае на парламенатрниот состав и да се запознаеме подобро со нашите нови колеги од СДСМ  – вели во интервјуто Милошоски.

Тој посочи дека нема големи очекувања од најавеното доаѓање на медијаторот Метју Нимиц, се додека Самарас е премиер на Грција.

-Доаѓањето на Нимиц е секогаш поврзано со надеж и напредок во однос на билатералниот спор,  а неговото заминување најчесто било поврзано со разочарување дека таа надеж не се остварила во изминативе 23 години. Овојпат сметам дека може да го одржи своето ветувае и да даде дополнителна диманика на македонско – грчкиот дијалог. Но, она што Нимиц не може да го овозможи, а тоа не зависи од него, е довербата и дијалогот на највисоко политичко ниво помеѓу Македонија и Грција. Додека Самарас е премиер на Грција нема да има  повисоко ниво на дијалог. Затоа моите очекувања не се преголеми. Можно  е после изјавите на канцеларката Меркел да има дополнителни препораки, притисоци и сугестии за придвижување напред  – вели Милошоски.

Коментирајќи ја изјавата на Самарас во Европскиот парламент, со што се  разголи грчката позиција дека овој спор не се однесува само на уставното име, Милошоски вели: -За првпат се случува еден грчки премиер на отворен и дрзок начин, во куќата на еврпските вредности, каде што човековите права и различностите се на највисок пиедестал, да негира постоење на еден јазик, што за негова жал или среќа постои и во неговата држава.

Најголем џокер на Македонија во билатералниот спор, Милошоски смета дека се аргументите, кои секогаш биле на наша страна.

– Македонија  настапува со силата на аргументите, а Грција со аргументот на силата. Така беше и во Букурешт, за време на НАТО самитот. Но силата на аргументите потоа победи во Хаг, пред Меѓународниот суд на правдата, како врховен суд на ОН, и прв пат во историјата на меѓународната сцена, Македонија освоила една меѓународно-правна битка. Тоа е голем адут во нашите раце, и тоа треба да биде почеток, но и продолжение во разговорите со Грција – вели тој во интервјуто.

За новиот преговарач за името, Васко  Наумовски, Молошоски смета дека е стабилен и прагматичен политичар, со голема доверба што ја ужива од претседателот на државата и од Владата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top