| четврток, 6 декември 2018 |

Македонското студио ФХ3Х работеше на визуелните ефекти во „Херкулес”

Hercules-2014-Movie-Wallpaper

Филмот „Херкулес“ на Брет Ратнер од денеска премиерно ќе се прикажува во Скопје. На спектакуларните ефекти на филмот, кој се очекува да стане новиот холивудски летен блокбастер, беше ангажирано и македонското студио ФХ3Х како дел од тимот на Method Studious.

Како што информираат од ФХ3Х, проектот траеше два месеци и на него работеше тим од 15 артисти.

Во филмот, ѕвездата Двејн Џонсон во својата улогата на мистичен херој и син на Зевс се подготвува да го спаси светот од наследниците на Хадес.

„Без оглед колку си брз, без оглед колку можеш да издржиш, ѕверот ќе те следи. Човекот не може да избега од сопствената судбина, Херкулес“, се зборовите од трејлерот за филмот. Во интензивната акциска сторија, полубогот Херкулес се бори со лав, триглаво водно чудовиште и воедно води битка да ја открие суштината на сопственото егзистирање.

Филмот ќе почне со прикажување вечер во 20 часот во киното Синеплекс, еден ден пред американската премиера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top