| четврток, 6 декември 2018 |

Три години затвор за Паско Кузман

pasko kuzman 2

Три години затвор доби поранешнит директор на Дирекцијата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Ваква одлука денеска донесе скопски кривичен суд. Тој е осуден за случајот „Фаланга 2“.

На обвинителната клупа седнаа 15 лица кои се товарат за незаконско ископување и продавање артефакти.

Петнаесет лица се сомничат дека без дозвола или овластување ископувале артефакти на локации во Демир Капија, Свети Николе, Кавадарци, Скопје а потоа илегално ги продавале во Македонија и во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top