Можеби со пријателите е позабавно, но ако сакате вистински одмор, најдобро е патувањето со саканата личност. Организирањето е секогаш подобро кога сте сами, а не со друг пар, полесно договарање, опуштени ќе сте бидејќи сете со некој кој добро го познавате, ќе се одморите вистински и најважното – ќе ги надокнадие сите тие изгубени ноќи и денови кога поради рабтоа, стрес или недостаток на време, не сте можеле целосно сексуално да уживате еден со друг.
На страна од советите за егзибиционистички секс на плажа, во море, на балкон или слично, ова е водич за одморот во онаа „кревет и појадок“ соба, во која може да се случува толку многу…
- Новото опкружување ќе ве освежи. Ќе бидете попозитивни и порасположени, па секогаш одбирајте ново место за одмор. Ако, пак, имате ваша викендица или стан, освежете ја со неколку нови работи. Сексот е секогаш подобар кога не е рутински.
- Тоа што сте постојано заедно со партнерот, а тој ве познава какви што сте,не значи дека треба да се запоставите. Со удобната памучна маичка за спиење, во куферот пикнете и некоја чипка. Кога тој е задоволен од тоа што го гледа, ќе се потруди многу подобро да возврати.
- И петнаесетминутно сончање е доволно за да се ослободи серотонин во вашето тело, што ќе ви овозможи полесно и подобро свршување.
- Тоа што сте средени за на плажа, значи целосно депилирани, во комбинација со тенот кој се добива е одличен начин за повторно бесрамно да се истражувате со партнерот во топла када со миризлива морска сол.
- Ако и партнерот се потруди и се среди таму долу, наградете го со малку поразличен орален труд. Задржете во устата коцка мраз или ладен пијалок. Студениот јазик ќе го изненади и уште повеќе возбуди.
- Нека вашето тело стане маса со егзотични јадења. Не за џабе толку се зборува за јагоди и шлаг. Тие и сами по себе се афродизијак, замислете колку поинтересно е кога ги јаде од вашата интима.
- Ако чувствувате дека желбата за секс кај вас или вашиот партнер е намалена, алкохолот е тука да ја врати.Две чаши се доволни за фантазијата повторно да се распали, а и вие да се опуштите. Искористете ја оваа состојба за работи од кои досега се срамевте, како…
- Стриптиз!!! Нема маж што не би се возбудил и што не би уживал, без разлика дали сте дебела, слаа, јаболко, крушка, не му е гајле. Важно е тоа заводливо и самоуверено да го направите.
Пушува: М.Б.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


