Англискиот фудбалер Френк Лампард синоќа со својата свршеница допатува во Њујорк каде што треба да потпише за својот нов клуб Њујорк сити.
Во текот на денешниот ден клубот закажа прес-конференција на која треба да биде претставено новото засилување.
Доскорашниот играч на Челси, кој 13 години настапуваше за лондонскиот тим, реши својата кариера да ја продолжи на северноамериканскиот континент откако „сините“ се откажаа од неговите услуги и не му го продолжија договорот иако тој е најдобриот стрелец во историјата на клубот.
МЛС лигата во САД почнува во март 2015 година и периодот до почетокот на сезоната Лампард може да го помине како позајмен играч во сестринскиот клуб Њујорк сити – Мелбрун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.