Шпанскиот фудбалер, Давид Вилја е прогласен за МВП на регуларниот дел на МЛС лигата, за изминатата сезона. Поранешниот напаѓач на Саразгоза, Валенсија, Барселона и Атлетико Мадрид, а сега член на Њујорк Сити, во сега веќе завршената сезона за него и неговиот тим постигна 23 гола.
До наградата шпанскиот фудбалер стигна со 25,9 проценти од гласовите, а зад него завршија играчите на Њујорк Ред Бул, Саша Клештан и Бредли Рајт-Филипс. Тимот на Давид Вилја беше елиминиран во четвртфиналето на плеј-офот, а регуларниот дел го завршија како второпласиран на Истокот.
35-годишниот Вилјаа е третиот играч по ред од Европа, кој ја освојува МВП наградата. Претходно до ова престижно признание стигнаа Роби Кин и Себастијан Џовинко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.