Во авганистанската провинција Херат денеска се убиени две жени, фински хуманитарки, соопшти невладината организација Меѓународната мисија за помош, а пренесуваат француските медиуми.
-Потврдуваме дека две странски хуманитарки, со финско државјанство, членки на екипата на Меѓународната мисија за помош, денеска се убиени во Херат – се наведува во соопштението на д-р Хејни Мекиле, извршен директор на организацијата, која, според британските медиуми, е христијанска организација што има хуманитарни мисии во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.