Авионот на „Ер Алжир“ со 116 патници и членови на екипажот, кој денеска исчезна од радарите 50 минути по полетувањето се урнал во Нигер, јавуваат телевизиите ЦЦТВ и „Алжиријан енахар“. Засега нема официјална потврда на оваа информација.
Портпаролот на шпанската приватна авиокомпанија „Свифтер“ потврди дека загубиле контакт со еден од авионите што летаат за „Ер Алжир“. Францускиот министер за транспорт Фредерик Кувилиер изјавил за репортерите дека, најверојатно, во авионот имало многу Французи.
– Во авионот има 110 патници и шест членови на екипажот, од кои четворица се пилоти, а двајца стјуарди, потврдуваат од „Свифтер“. Членовите на екипажот биле Шпанци.
Авионот летал на линија Буркина Фасо – Алжир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.