Околу 200 денари биле украдени од црквата „Св. Антонија“ во струшкото село Глобочица, соопшти СВР Охрид.
Кражбата се случила во периодот од 20-ти до 23-ти јули. Арамијата го искршил прозорецот на црквата и влегол внатре. Во близина на црковниот олтар ги забележал парите, ги украл и избегал.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин, информира СВР Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.