Сем ван Акен од Универзитетот „Сиракјуз“ создаде неверојатно дрво на кое растат дури 40 вида плодови.
На гранките на ова преубаво дрво за време на летните месеци може да видите неколку видови сливи, кајсии, праски, нектарини, вишни и бадеми.
Ван Акен израснал на земјоделски имот, каде што овоштарниците биле во лоша состојба со дрвја стари и до 200 години, иако имале исклучително ретки и автохтони стари сорти кои повеќе не се одгледуваат.
За да ги сочува сортите, тој го откупил овоштарникот и една година се обидувал да накалеми разни видови овошје на едно дрво.
По пет макотрпни години, Сем успеал да израсне дрво кое раѓа 40 видови разно овошје.
Дрвото изгледа најобично, како и секое друго дрво.
Но, кога ќе дојде пролетта, почнува да цвета во експлозија од бои и е вистински рај за очи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




