| четврток, 6 декември 2018 |

Со Мачка на местото спортски директор почнува новата ера на Работнички

Управниот одбор на најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, КК Работнички го именуваше Александар Димитровски за нов спортски директор на клубот.
Популарниот Мачка минатата сезона ја заврши богатата кариера како играч на Работнички. Тој ја почна сезоната како играч, но бројните повреди, кои не го одминаа во минатиот период, беа пресудни за да стави крај на кариерата.
Пред Димитровски е сериозен проект кој го постави новиот Управен одбор. Работнички треба да се врати на шампионските патеки.
Новиот спортски директор прво треба да најде нов тренер бидејќи е испразнето местото на прв човек на стручниот штаб по заминувањето на Емил Рајковиќ во Слак Вроцлав. За најсериозни кандидати се споменуваат Марјан Србиновски, но и најтрофејниот тренер во Македонија, Марин Докузовски.
Од Управниот одбор информираат дека клубот е во преговори со неколку одлични играчи за следната сезона, а во спорстските кулоари се споменуваат имињата на најдобриот центарски двоец во нашата држава Тодор Гечевски и Ѓорѓи Чековски, како и неколку странски играчи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top