Најмалку 14 ученици загинаа во судар на воз и автобус во индиската држава Теланга.
До несреќата дошло на преминот во близина на селото Масаипет, а во сударот загинал и возачот на автобусот. Според информациите на полицијата, возот го туркал автобусот неколку стотина метри по сударот. Никој во возот не настрадал, а во автобусот се наоѓале 32 ученици.
Секој ден на индиските пруги возат 9.000 патнички возови, а дневно се превезуваат околу 23 милиони патници. Во последните неколку години се случија бројни сообраќајни несреќи во кои животот го загубија стотици лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.