| четврток, 6 декември 2018 |

Една третина од Грците на прагот на сиромаштијата

ATINA

Грција е на четврто место меѓу 28. членки на ЕУ, со највисок процент на своите граѓани што се наоѓаат на прагот на сиромаштијата, пишува грчкиот печат, повикувајќи се на статистичкиот институт во земјата ЕЛСТАТ.

Податоците покажуваат дека 34,6 отсто од Грците или 3,79 милиони лица минатата година живееле на прагот на сиромаштијата.

Весникот „Етнос“ наведува дека полоши од Грција се Бугарија (49,3 отсто), Романија (41,7 отсто) и Летонија (36,2 отсто).

Показателот за прагот на сиромаштијата во Грција постојано се зголемувал од 2010 година, откако земјата навлегува во режим на кредити и ја добива првата надворешна финансиска инјекција за излез од кризата.

Според ЕЛСТАТ другите земји од ЕУ, кои биле принудени да земаат кредити и биле на прагот на сиромаштијата се Ирска, Шпанија, Кипар и Португалија.

Петте држави со најнизок процент на сиромаштија во ЕУ се Холандија, Чешка, Шведска, Финска и Луксембург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top