Денеска на фестивалот ќе се одржи македонска вечер, од која директорот на Агенцијата за филм, Дарко Башески, очекува уште поголем интерес за нашите филмови.
Годинава имаме еден краток филм, македонско-италијанска продукција, направен лани од Факултетот за драмски уметности и “Џифони” фестивалот за првото издание на “Џифони” фестивалот во Македонија. Покрај овој, ќе прикажеме уште неколку домашни кратки филмови интересни за помладата публика”, вели Башески.
На македонската вечер ќе се дегустираат македонски сирења, вина, локум…, а ќе настапи и гитаристот Мухамед Ибраими. Отворена ќе биде изложбата Запознај ја Македонија низ фотографија”, ќе се делат брошури за снимање во Македонија и каталози на македонски филмови од периодот 2013/2014.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.