| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска вечер во Музејот Борис Христов во Софија

Во организација на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, утревечер во Музејот “Борис Христов” во Софија, Бугарија, во 18:30 часот ќе биде одржана Македонска вечер.

Во рамките на овој културен настан пред софиската публика ќе се претстават македонските уметници Ристо Велков – баритон и првенец во Македонската опера и балет во пијано придружба на Иван Еминовиќ кој е и диригент во МОБ. Исто така, пред присутните ќе се претстават и поетот Томе Велков, а ќе биде отворена и изложбата на академскиот уметник Марјан Ѕин.

Реномираниот баритон од Македонија Велков, ќе настапи со композициите “Вардаре” од Прокопиев, “Молитва” од Скаловски… , аријата на Кузман Капидан од истоимената опера, повеќе неаполитански песни, арија од операта “Травијата”, како и познатата О соле мио..

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top